Ja, neka ... - Blog - VojvodinaCafe Forum
Pogledaj RSS Feed

New Time

Ja, neka ...

Ocenite unos
...
погледни како се брануваат моите очи

погледни за миг – ѕирни во нивните длабочини
подлабоки од сите мориња,
помирни од сите ветришта,
потопли од сите сончевини.
погледни и ништо не кажувај,
почувствувај како ветрот танцува врз мојата кожа
како утробата ми набабрува и мириса на цвет.
погледни и кажи ми дека таа сум која сум се родила
од пената на морските бранови,
од ѕвездите што се погледнале во небесното огледало,
од струните на богинките кои ги заведуваа некогаш морнарите,
од реките што надоаѓаат и си заминуваат после поплавите
и зад себе оставаат топлина од зборовите кои само
за тебе ги раѓам ...
n.t.s.
Kategorije
Nekategorizovano

Komentara