VojvodinaCafe Forum - New Time - Blog
Pogledaj RSS Feed

New Time

  1. Ja, neka ...

    „Ти се изгасна цигарата ...“ – ми велиш. Погледнувам. Врвот и’ е во фаза на стишување. Ете до каде стасавме. Предметите да ги оплакуваме. Нивниот крај е и наш крај. Повеќе нама за што да разговараме. Те погледнувам. Низ твојата проѕирност, ја препознавам сопствената немотивираност. Посакувам да сум на некој друг крај од собата, да се оддалечам од нејзиниот внатрешен поглед. Станувам. ...
    Kategorije
    Nekategorizovano
  2. Ja, neka ...

    ги читам стиховите,
    твоите стихови, што ми ги остави
    во кружниот ареал на недопирот.
    во нив сѐ е кружно.
    и насловот е кружен.
    несопирливо кружен и блажен,
    и страстен и мирисен ко желбата
    за допир.
    низ нив се слуша чекорење,
    тивко, а силно ко билото.
    во нив сум јас - некоја,
    скаменета во зборот,
    распојасана во
    ...
    Kategorije
    Nekategorizovano
  3. Ja, neka ...

    ми доаѓа да напишам
    песна без стихови.
    без зборови,
    без рими.
    да ја избојам во бело
    ко галебот охридски, та
    гласно да заплаче над тагата моја,
    гласно да запее за душава моја,
    кога во денот свет
    светлина требам,
    и
    реч блажена,
    од
    светоста твоја.
    n.t.s. 21.07.2013 (15:15)
    Kategorije
    Nekategorizovano
  4. Ja, neka ...

    ги ослободувам мислите
    да течат,
    да беснеат,
    да урлаат
    ко река калеша,
    пенливо бела, за
    во неа да се искапам
    и снага одморам на
    парчето ехо
    од гласот
    небиднински,
    несудбински,
    недаден ,
    шепотен,
    додека тежински стојам
    во рамката на денот
    светол,
    ---
    а во мене си
    ти.

    n.t.s.
    Kategorije
    Nekategorizovano
  5. Ja, neka ...

    светлина - ѕиркач меѓу прозорските платна.
    мирис на утринско кафе, ситно пециво.
    расплатнени ноќни мириси.
    спокој.
    некаде помеѓу - улична бучава.
    некаде во - потреба од едноставни кажуважа.
    некаде – времето ветува.
    некаде - музиката удира во душата.



    молкот заминува.
    косите се растураат врз голите рамења.
    погледот се спушта на половина
    ...
    Kategorije
    Nekategorizovano
  6. Ja, neka ...

    Кружни облици на коцкеста одаја. Некаде во центарот – јас. Околу мене, твоите очи. Назад, свртена со грбот стои болката. Во неа пливаат солзите. Во бескрајот радоста поделена ко на сиротинска софра во пост, опстојува. Мојот глас во твојата душа повеќе не домува. Твојот ум, ги закатини сите порти. Мигот ја држи мојата десница велејќи и’: потпиши! Потпиши заборав. Нељубов. Не потпишав. Врз белината остана да почива моето, те сакам. Амин!

    n.t.s. 16.07.2013 (22:45)
    Kategorije
    Nekategorizovano
  7. Ja, neka ...

    драг дневнику,
    во тебе се барам себе,
    своите воздишки,
    утрински будења,
    стоења пред огледалото,
    годините пред себе,
    четката која ја обликува мојата коса,
    моливот што ги црта линиите на синото во погледот,
    насмевката заборавена од вчера,
    парфемот купен во брзање, без да го тестирам и длабоко
    ...
    Kategorije
    Nekategorizovano
  8. Ja, neka ...

    THE довидување

    .се умножив за да се почувствувам.
    .се поделив за да останам цела.
    .збирна намаленост од утре и вчера.
    .неднаква големина .
    .на вистинската.
    .јас.

    n.t.s.
    Kategorije
    Nekategorizovano
  9. Ja, neka ...

    >во космичките долги ноќи, размислував за рамнотежата во мене. за хармонијата во дисхармонија. за можното реновирање на мислите. за едно мало писмо што остана ненапишано. за бодежот во средината на градите. за димот на тетовитаните мисли за тебе. ... за едноставноста на се’. - некаде попатно застанав, додека здивовите се мешколат низ неодгатнатите тајни ... нема да продирам, само ќе ги раширам рацете пред исконот на твојата свeтлина, сепак, јас сум само - жена.< n.t.s.


    ...
    Kategorije
    Nekategorizovano
  10. Ja, neka ...

    безпогледно ги следам мислите
    од бездението,
    налактено
    што вдишуваат,
    сензуален мирис
    од едемовата градина во мене.
    *
    а во понорот на мртвата страст
    стоиш
    ти.
    *
    животворно – нежив.
    кој постоиш ко
    сенка од некои дни, ко
    говор од ораторски ...
    Kategorije
    Nekategorizovano
Strana 2 od 4 PrvaPrva 1234 PoslednjaPoslednja